• Дома
  • Правни услуги
  • За нас
  • Тим
Контакт
  • English
  • македонски јазик
Viber WhatsApp Linkedin
  • Дома
  • Правни услуги
  • За нас
  • Тим
Контакт
Viber WhatsApp Linkedin
македонски јазикMK
  • EnglishEN

Се здружуваме со Адвокатска Канцеларија Драган Лазаров

Обединувајќи експертиза и искуство со цел да обезбедиме најсилна правна поддршка за рударскиот сектор во С.Македонија.

Повеќе ...

"Наша цел е да обезбедиме врвни правни услуги кои ќе го поддржат вашиот успех во секој аспект на работењето."

Вашите права
и интереси
се наш приоритет

Нашата посветеност на клиентите се одразува во обезбедувањето на точни и навремени решенија кои не само што ги задоволуваат, туку и ги надминуваат нивните очекувања, гарантирајќи им максимална вредност за вложеното време и пари.

Области на работа

Концесии

Имаме искуство во постапка за добивање концесии и формирање ЈПП. Обезбедуваме подготовка на тендерска документација, помош при учество на јавни повици за доделување концесии, подготовка на договори и други услуги поврзани со застапување пред надлежни органи на државната и локалната управа. Нашето искуство Ви носи сигурност во деловните планови.

Рударство

Добро сме запознаени со правните и комерцијалните прашања специфични за рударската индустрија, што ни овозможува да обезбедиме сеопфатни правни услуги за нашите клиенти. Тecно соработуваме со нашите клиенти за да обезбедиме постигнување на нивните цели.

Арбитража

Им помагаме на клиентите во арбитражни спорови кои произлегуваат од меѓународната трговија, а особено на оние кои се вклучени во градежништво и инженерство, рударство, енергија, заеднички вложувања, спорови во области на спојување и стекнување, и продажба и купување на стоки и услуги. Работиме со клиенти од целиот свет и каде и да се лоцирани арбитражите.

Деловно право

Нудиме правна помош во врска со основање на друштва и подружници на странски друштва, регистрација на здруженија, промени на овластени лица, седиште, основачки акти и други податоци, организирање и промена на подружници, запишување и промени на странски директни инвестиции како и сите останати постапки за промени на трговските друштва.

Граѓанско право

Имаме искуство со сопственички спорови и спорови во врска со други стварни права, разводи, семејни спорови, спорови кои произлегуваат од договорни одредби и нудиме навремени, прецизни решенија за истите.

Трудово право

Нудиме помош во сите области на трудово право, меѓу кои регрутирање и вработување, договори за вработување за сите нивоа на вработени и ангажирани лица, колективни договори на ниво на работодавач, отказ на договори за вработување, дозволи за работа за странци и дозволи за привремен престој на странци и слично.

За нас

Нашата посветеност на одржување и развој на широк спектар на правни области ни овозможува да им обезбедиме правна поддршка на компаниите во сите аспекти на нивното работење, вклучувајќи правни мислења, анализи и совети во однос на корпоративното управување.
Специјализирани сме за подготовка на детални проценки на потенцијалните правни ризици кои се поврзани со корпоративниот статус, побарувања, договори, обезбедувања, интелектуална сопственост и други аспекти на функционирањето на една компанија.

Се здружуваме со Адвокатска Канцеларија Драган Лазаров

Со големо задоволство ја објавуваме новата соработка со Адвокатската канецеларија Драган Лазаров – обединувајќи експертиза и искуство со цел да обезбедиме најсилна правна поддршка за рударскиот сектор во С. Македонија.
Нашата соработка ја спојува силата на корпоративното и деловното право на тимот на Адвокатското друштво Лазаров со моето специфично искуство во областа на концесиите, геолошките истражувања и експлоатацијата на минерални суровини.
И двајцата имаме искуство и од страната на Владата во постапки за доделување концесии, како и во советување на приватни клиенти за најсложените рударски проекти во земјата – што ни овозможува целосно разбирање на оваа област од сите аспекти.
Нашата мисија е јасна — да обезбедиме прецизни, практични и современи правни решенија за компаниите кои инвестираат во растечкиот рударски сектор во С. Македонија.

Повеќе информации: https://www.lawofficelazarov.com | https://advokatmitreska.mk

 

Александра Митреска

адвокат и основач

Адвокат Александра Митреска е правен експерт со повеќе од 20 години искуство, специјализирана во областа на концесии, со посебен акцент на рударството и минералните суровини. Во својата практика, успешно советува и застапува домашни и меѓународни компании низ сите фази на постапки поврзани со доделување, измена и престанок на концесии, како и регулаторни прашања пред државни институции и судови.

Нејзината експертиза дополнително ја опфаќа и областа на арбитражата, трговското право и граѓанското право, каде што води сложени спорови со висок степен на стручност и професионализам.

Александра Митреска е и овластен регистрационен агент од Централниот регистар на Република Северна Македонија, што ѝ овозможува да обезбеди целосна поддршка во процесите на основање и управување со правни лица.

Посветеноста, прецизноста и темелниот пристап кон секој клиент ја прават сигурен партнер за правни предизвици во клучни индустрии како рударство, енергетика, инфраструктура и инвестиции.

Контакт

ул. 530 бр.5-1/8,
1000 Скопје – Карпош

+389 (0)70 644 289

Понеделник до Петок
08:00 – 16:00 часот

aleksandra@advokatmitreska.mk
info@advokatmitreska.mk

 

Секоја испратена порака до нас ќе биде третирана со строга доверливост, впрочем како што станува збор и за секој однос помеѓу Адвокат и Клиент.







    Copyright © 2025 Адвокатска канцеларија - Александра Митреска.
    Created by - eXpressive graphics.